Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша меморандум со кој се запира финансирањето на градовите од федералниот буџет, кои според мислењето на федералните власти не се борат доволно против немирите.
– Мојата администрација нема да дозволи финансирање на градови кои доброволно се деградираа во беззаконски зони, се вели во документот.
Познато е дека овие мерки ќе влијаат на Сиетл, Портланд, Њујорк и Вашингтон. Целосниот список на „зоните на анархија“ треба да го објави државниот обвинител.
Белата куќа ќе треба да одлучи за две недели како министрите ќе доставуваат извештаи за финансирање на градовите, а за еден месец ќе треба да размисли за механизмот за лишување од финансиска помош.
– Во текот на последните неколку месеци, некои државни и локални власти придонесоа за насилство и вандализам во нивните јурисдикции, со неспроведување закони, лишување на полициска администрација од овластување или значително финансирање и одбивање да го прифатат предлогот на федералната полиција за помош – се вели во меморандумот.