Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

Брнз до Џафери: Борбата против корупцијата и потеклото на инвестициите ДА БИДАТ КЛУЧНИ

Американската амбасадорка во Република Македонија, Кејт Мари Брнз, му порачала на претседателот на Собранието, Талат Џафери, дека е многу важно во законодавниот дом да се формира што поширока поддршка за реализација на стратешките цели, особено од аспект на НАТО и членството во Европската Унија.

На средбата со Џафери Брнз додала дека еднакво значајни се и борбата против корупцијата, прашањата поврзани со националната безбедност и потеклото на инвестициите, како и донесувањето на законот за антидискриминација.

Како што соопштија од неговиот Кабинет, Џафери изразил благодарност за поддршката што американската амбасада и САД и ја даваат на Македонија, при што истакнал дека за нас е од суштинско значење задржаниот фокус на Соединетите Американски Држави кон нашата земја и  регионот во целина.

Џафери ја информирал амбасадорката Брнз за очекуваното ангажирање на новата влада во однос на пандемијата и мерките за зачувување на здравјето на граѓаните, за економските мерки за поддршка на населението и подготовката на стратегијата за започнување на преговорите за членство со Европската Унија, како три главни приоритети на дејствување.

најчитани вести

Македонија

Медиа.мк дознава дека уапсените се браќа од Кичево кои важеле за страв и трепет во градот. Се работи за Ариф и Шпенд Алили кои...

Македонија

Денес на прес конференција Христијан Мицкоски соопшти дека Воислав Зафировски од политичката партија Интегра преминува во Вмро Дпмне, за почеток како член, но не...

Македонија

Седум непознати портали за пошироката јавност , со скромна посетеност и без соодветен импресум или новинари кои работат во нив, добиле солидна сума од...

Македонија

Бледиот и исплашен израз на Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кажа повеќе отколку прочитаните редови на однапред приготвените потсетници за најава на „катарзата“...