Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

Честитка од Трамп за „8 Септември“ – САД СЕ ГОРДИ ШТО СЕ СОЈУЗНИК НА МАКЕДОНИЈА

САД се горди што се сојузник со С.Македонија во НАТО и ги поддржуваат нејзините аспирации за членство и во Европската унија, пишува американскиот претседател Доналд Трамп во честитката до претседателот Стево Пендаровски по повод Денот на независноста, 8 Септември.

– Оваа година одбележувањето е во околности кога сме соочени со глобалната пандемија. И покрај овој огромен предизвик, Северна Македонија безбедно и транспарентно одржа демократски избори во јули, а вашата земја останува посветена на унапредување на безбедноста, стабилноста и просперитетот во регионот. Во прилог на позитивниот исчекор со зачленувањето во НАТО, Северна Македонија веќе придонесува кон Алијансата, како домаќин на големи вежби на воениот полигон Криволак. Соединетите Држави се горди што се Ваш сојузник и ги поддржуваме аспирациите на Северна Македонија за понатамошна европска интеграција и вашиот пат кон членство во Европската унија, наведува Трамп во честитката, што на претседателот Пендаровски денеска му ја предаде амбасадорката на САД Кејт Брнз.

На средбата во претседателската вила Водно, како што соопшти кабинетот на Пендаровски, се разговараше за предизвиците што ги носи пандемијата на КОВИД-19, во чие справување од помош беше и американската поддршка за здравствените работници, како и за останатите сектори за граѓаните коишто беа погодени од кризата.

Пендаровски и Брнз разменија мислења и за предизвиците кои и претстојат на новата влада и потребата од одржување на националниот консензус со цел успешно спроведување на реформите потребни за исполнување на втората стратешка цел на земјата, членството во ЕУ, откако стана полноправна членка на НАТО изминатата пролет.

најчитани вести

Македонија

Пред малку до медиа.мк стигна информација од граѓани кои велат дека околу полноќ на Партизанска во Центар во близина на аптеката Зегин имало истрели...

Забава

Атрактивната романска манекенка и актерка моментално ужива во љубовна врска со синот на богат италијански бизнисмен. Пред тоа? Пред неколку години, романската манекенка Мадалина Генеа...

Забава

НЕКОИ работи се повторуваат одново и одново во разни филмови, но во реалноста многу ретко. И ова е особено точно кога станува збор за...

Забава

Светски познатата пејачка Ерика Баду изненади многумина кога на Twitter објави дека е позитивна и негативна на тестот за вирусот корона. Ерика направи брз...