Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

Коневски до Мицкоски: Биди сигурен дека вонреден конгрес ќе има, ти не си ВМРО-ДПМНЕ

Сѐ уште актуелен претседателе на ВМРО-ДПМНЕ, зошто одбиваш достоинствено да си заминеш од функцијата кога и сам знаеш дека времето е дојдено? Зошто упорно продолжуваш да се срамиш себеси упатувајќи навреди и клевети кон луѓето кои бараат твоја оставка?Зошто се криеш зад партијата и постојано повторуваш дека е тоа напад врз ВМРО-ДПМНЕ?Немаш право бесрамно да користиш ниски навреди и вулгарни зборови за луѓе кои животот го посветиле на ВМРО-ДПМНЕ, кои создале толку многу работејќи за државата и кои немаат ни најмала црна дамка во кариерите.

Ти не си ВМРО-ДПМНЕ и едноставно не можеш да се поистоветуваш со партијата. Погледни го својот рејтинг, тој е дупло понизок од оној на самата партија.Сѐ уште актуелен претседателе, барањето вонреден конгрес за избор на нов лидер е нормална работа во секоја демократска партија.После сите изречени навреди, падна маската на универзитетскиот професор и се појави еден неморален човек кој некогаш повторно ќе застане пред своите студенти. Но, со кое лице? Повеќе од очигледно е дека твојата титула си ја добил преку непотизам, токму она против кое се бореше Владата водена од ВМРО-ДПМНЕ и донесе Закон за во иднина да не се случуваат вакви грешки, како што, за жал, си ти.

Биди сигурен дека вонреден конгрес ќе има и тоа со огромна поддршка од делегатите кои во 2017 година тебе те направија претседател на партијата.Имај барем за крај доблест и свикај го сам вонредниот конгрес за да се поштеди партијата од поделби, застани пред делегатите со крената глава, заблагодари им се за довербата што ти ја укажаа и обиди се да го подобриш впечатокот за тебе во нивните очи.Тие се ВМРО-ДПМНЕ, а не ти!

Со почит,

Ивица Коневски

најчитани вести

Македонија

Медиа.мк дознава дека уапсените се браќа од Кичево кои важеле за страв и трепет во градот. Се работи за Ариф и Шпенд Алили кои...

Македонија

Денес на прес конференција Христијан Мицкоски соопшти дека Воислав Зафировски од политичката партија Интегра преминува во Вмро Дпмне, за почеток како член, но не...

Македонија

Седум непознати портали за пошироката јавност , со скромна посетеност и без соодветен импресум или новинари кои работат во нив, добиле солидна сума од...

Македонија

Бледиот и исплашен израз на Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кажа повеќе отколку прочитаните редови на однапред приготвените потсетници за најава на „катарзата“...