Connect with us

Hi, what are you looking for?

Свет

ЗАБРАНЕТО СОБИРАЊЕ ДОМА ВО ШКОТСКА, ама во паб и ресторан може

Шкотските власти од денеска забранија собири во куќи во Глазгов и два блиски окрузи поради зголемувањето на бројот на заразени со коронавирус.

Од полноќ, 800.000 жители на Глазгов, Западен Данбартоншир и Источен Ренфрушир не смеат да примаат луѓе кои не се дел од нивното домаќинство во нивните домови, ниту им е дозволено да се посетуваат едни со други.

Шкотската премиерка Никола Старџен ја објасни оваа одлука со изјавата дека инфекцијата најмногу се пренесува во домовите и дека мерката ќе важи две недели, пишува Гардијан.

Знам колку е непопуларна оваа мерка за луѓето во тие области. Го знам тоа затоа што живеам и во Глазгов. Значи, правилата важат и за мене како и за секој друг – рече Старџен на прес-конференција.

Училиштата, пабовите и рестораните ќе останат отворени.

најчитани вести

Македонија

Медиа.мк дознава дека уапсените се браќа од Кичево кои важеле за страв и трепет во градот. Се работи за Ариф и Шпенд Алили кои...

Македонија

Денес на прес конференција Христијан Мицкоски соопшти дека Воислав Зафировски од политичката партија Интегра преминува во Вмро Дпмне, за почеток како член, но не...

Македонија

Седум непознати портали за пошироката јавност , со скромна посетеност и без соодветен импресум или новинари кои работат во нив, добиле солидна сума од...

Македонија

Бледиот и исплашен израз на Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кажа повеќе отколку прочитаните редови на однапред приготвените потсетници за најава на „катарзата“...