Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

Антикорупциска ќе истражува како фирмата на Нина добила 11.000 евра државна помош

Антикорупциската комисија работи врз предмет на владините прв сет мерки како помош за компаниите погодени од корона кризата, меѓу кои е и онаа што ја доби компанијата во која како косопственик се јавува сега веќе екс министерката за финансии Нина Ангеловска, објави Радио Слободна Европа.

Вкупно 11 илјади евра за три месеци државата ѝ исплатила помош за исплата на плати на фирмата Вебспот ДОО, покажуваат податоците од алатката за транспарентност „Отворени финансии“. Но, вниманието на јавноста кон оваа фирма го привлече податокот дека еден од сопствениците на оваа компанија е довчерашната министерка за финансии во владата на СДСМ Нина Ангелевска која се грижеше за распределбата на државниот буџет, пишува РСЕ.

Според податоците од Централниот регистар, Ангеловска во оваа компанија фигурира како еден од тројцата сопственици и основачи на платформата за он лајн трговија – групер.мк со учество во основачкиот влог од 2.600 евра.

Од компанијата Вебспот, за РСЕ, велат дека фирмата секогаш работела согласно со законските прописи. Оттаму велат дека тој принцип на работење го запазиле и во врска со примената на мерката за исплата на плати.

најчитани вести

Забава

Радмила Манојловиќ се појави на едно случување каде што се сретна со својата колешка Јелена Карлеуша и тој момент го овековечки со  заедничка фотографија....

Македонија

Пред малку до медиа.мк стигна информација од граѓани кои велат дека околу полноќ на Партизанска во Центар во близина на аптеката Зегин имало истрели...

Свет

Ова е шокантниот момент кога вработен во болница се тепа со пациент кого го собори на подот во чекалната и го клоца после жестока...

Забава

Британскиот таблоид „Daily Mail“ објави неколку фотографии, за кои се вели дека се од ергенската вечер на принцот Вилијам. На фотографијата се гледа како...