0.8 C
Skopje
недела, ноември 29, 2026

Никола Попоски со интервју за press24.mk : Посакувам само да сме тим кој сака и може да победува

Поранешниот пратеник и министер за надворешни работи на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Попоски, кој спротивно од заклучоците на партиските тела, по изборите напиша дека партијата е поразена и не е победник на изборите, во интервју за Прес24 зборува за причините поради кои е можно и во иднина како партија да бележи поразни, наместо победи.

-Проценка од 2017 беше дека против ваква власт, опозиција лесно ќе победува. Од оние гласачи кои не ни дадоа доверба, повеќето мислам дека не ги убедивме дека можеме подобро на домашните теми, вели Никола Попоски во интервју за Прес24.

Иако поврзуван со групацијата на Сашо Мијалков, сепак Попоски смета дека иницијативата за вонреден Конгрес нема да даде резултат.

-Реално не сум експерт, но од тоа што видов, статутот не дава самоиницијативност. Можеби е така токму за да може да се тера вака до 101 година и назад. И да си губиме. Можеби токму такви финти ги иритираат добар дел од членовите. Можеби не е логично Конгрес, како врвен орган на партија, да е де факто врзан во трло. Некој ќе рече, целта ги оправдува средствата. Можеби сум само кусоглед, но не гледам како тоа ќе не доведе на арно. Јас не сум доволно убеден дека е тоа во интерес на членовите и земјата, вели Никола Попоски во интервју за Прес24.

Целосното интервју прочитајте го на:

https://press24.mk/nikola-poposki-posakuvam-samo-da-sme-tim-koj-saka-i-mozhe-da-pobeduva

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести