2.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

Александра Пријовиќ: Нема да ми се случуваат работи како на Тања Савиќ, ГО ИЗБРАВ ВИСТИНСКИОТ МАЖ

Александра Пријовиќ е загрижена поради епидемијата со коронавирусот, па повеќе е загрижена за здравствената состојба на блиските отколку за состојбата на музичката сцена.

Таа за курир.рс вели дека иако во овој период сопругот Филип Живојиновиќ донесува финасии, таа не планира да ја намали цената на настапите.

Јас во ова ситуација најмногу размислувам за здравјето на моето семејство и пријателите. Не можам да кажам дека ми е убаво што немам настапи, но ќе среди се и ќе биде како порано. Едвај чека да почнам да работам, за себе, за публиката, не се во прашање финасии, вели пејачката.

Таа откри дека нема да ја спушти цената на настапите.

Јас не работев додека траеше оваа состојба. Секој има избор и да се бори за опстанок. Затоа велам нека секој прави како што мисли дека треба, мојот талент и пеење не би ги менувала, вели Пријовиќ.

Александра откри како и поминала на годишниот одмор  во Монте Карло со синот Александар и семејството Живојиновиќ.

Беше прекрасно, но посакавме да си дојдеме дома. Тој е во центарот на вниманието, така да уживаме во секој момент.

Александра вели дека сега се уште не размислува за второ дете и дека тоа не се планира.

Пејачката ја прокоментира и ситуацијата на Тања Савиќ односно тоа што нејзиниот сопруг ги однесе децата.

Поддршка сум на сите мајки кои се борат на овој свет. Многу ми е жал што Тања се најде во таква ситуација, но исто така верувам во законот и дека се брзо ќе се реши, вели Пријовиќ.

Таа откри како би се чувствувала доколку се најде во таква ситуација.

Јас сум сигурна дека избрав партнер со кој не може да ми се случи тавко нешто. Филип е свесен што за едно дете значи мајка и сигурна сум дека никогаш не би дозволиле некој да трпи. На детето му се потребни и двата родители без разлика на тоа дали се разделени, вели Александра.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести