Connect with us

Hi, what are you looking for?

Свет

Сврзикапа: Оксфордската вакцина ќе излезе најдоцна до крајот на годината

Македонскиот научник, охриѓанецот Ненад Сврзикапа е докторски студент на одделот за педијатрија на Универзитеотот Оксфорд во Англија, од каде се очекува да произлезе вакцина за Ковид 19. Ненад во интервју за Гласот на Америка вели дека вакцината е во последната трета фаза на испитувања и отиочекувањата се дека ќе излезе до крајот на годината. Порачува дека е многу важно сите да се вакцинираат.

Глас на Америка: Ненад ти магистрираше биоинформатика на Харвард, а во моментот си докторски студент на Оксфорд Универзитетот, во делот за педијатрија, каде твој претпоставен е Ендрју Полард,кој важи за еден од одговорните за развивање на вакцината против Ковид 19. До која фаза е стигнато откривањето на оксфордската вакцина и колку таа е важна за светот?

Ненад Сврзикапа: „Сега моментално сме во последната фаза, а тоае фаза три. И моментално оваа вакцина се тестира во земји, кадешто вирусот е на високо ниво. Во Индија, Бразил,Јужна Америка, САД и секако во Англија, каде почна развивањето на оваа вакцина. Јас работам во лабараторијата на професорот Метју Вуд, што е во одделението за педијатрија. Одделението за педијатрија и одделението за вакцини еедна група, на кои главен шеф на сите ни е Ендрју Полард. Јас таму работам на еден нов конпцет, каде штo сакаме да направиме еден универзален начин за подигнување на нивото на протеини, со што тоа би имало импликации за многу различни болести, како што е ракот или некои детски генетски болести“.

Глас на Америка: Кога најрано можеме да ја очекуваме на пазарот оваа вакцина?

Ненад Сврзикапа: „Вакцината од Оксфорд е многу важна, затоа што таа во моментот е најразвиена,затоа што многу брзо тимот на Оксфорд можеше да се прилагоди на овој вирус, затоа што некаде околу јануари тие развиваа вакцина за МЕРС. Така што тие успеја истиот тој вектор на дел од вирус на шимпанзо, што еобична настинка кај шимпанзо, да го вметнат и многу брзо да почнат со развивање на вакцината, а таа вакцина веќе беше тестирана на луѓе. Во јули веќе се објавија резултати кои покажуваат дека вакцината е безбедна. И покажуваат дека има развивање на имунитет како и дека имаме неутрализирачки анти тела, кои се развиваат со примање на таа вакцина. Така да ние сме оптимисти, дека ова ќе биде вакцина која ќе ни помогне на крајот. Информациите кои сега ги имаме се дека резултатите од оваа вакцина до регулаторните тела ќе дојдат до на крајот на оваа година, но јас мислам и сум оптимист дека тоа ќе биде некаде до крајот на октомври-ноември.Тоа ќе биде момент, кога датата ќе биде анализирана и ќе биде претставена пред регулаторните тела, кои ќе ја анализираат и ќе се осигураат дека оваа вакцина е безбедна и ефикасна.Само во тој случај ќе биде одобрена и ќе биде доставена насекаде во светот“.

Целото интервју на Ненад Сврзикапа можете да го прочитате на Глас за Америка.

најчитани вести

Забава

Радмила Манојловиќ се појави на едно случување каде што се сретна со својата колешка Јелена Карлеуша и тој момент го овековечки со  заедничка фотографија....

Балкан

За Јосип Броз беа напишани многу песни, а една од најпознатите „Druže Tito ljubičice bela“, ја чинеше младата новинарка Жена Лебл две и пол години затвор...

Македонија

Пред малку до медиа.мк стигна информација од граѓани кои велат дека околу полноќ на Партизанска во Центар во близина на аптеката Зегин имало истрели...

Забава

Интернет просторот е преплавен со разно-разни огласи, наградни игри, онлајн продажби… Се продава се, ама баш се – од игла до локомотива. Што, секако, не...