Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

Депонијата во Ѓорче Петров секоја вечер ГИ ТРУЕ СКОПЈАНИ СО ТОКСИЧЕН ЧАД

Четврта измината ноќ како гори депонијата во Ново Село во општината Ѓорче Петров. Вчера по 22 часот повторно огромна смрдеа, чад од запалена гума или пластика ги покри населените места околу депонијата. Жителите на населбата Даме Груев сведочат дека секој ден по 21 часот некој ја пали депонијата по што настанува загадување на воздухот од големи размери.

И изминатава ноќ како и претходните три депонијата гореше. Чадот беше толку густ што сите се повлековме во своите домови и затворивме врати и прозорци иако беше доста топло надвор. Пречистителната станица во Ново Село беше потоната во густ чад кој по течението на реката Лепенец се протегаше се до Карпош.
Волково, Ново Село, Даме Груев, Бардовци, се до Карпош 4 се зони кои стануваат гасни комори од кои мора да се бега. Или депонијата или луѓето – властите нека бираат! – сведочи за Скопје Инфо жител на населбата Даме Груев.

Проблемот со депонијата во Ново Село е повеќегодишен. Дел од депонијата се исчисти и се покри со земја, но, дел се` уште служи за фрлање на стар мебел, градежен шут и отпад од различен вид. Општината е градот се немоќни да го сопрат ова еколошко лудило кое се случува на само неколку километри од центарот на главниот град.

Жителите на општината Ѓорче Петров велат дека ноќните часови, кога стражарската служба не работи, е времето кога крајно дрски престапници освен што фрлаат ѓубре истото го палат и бегаат од депонијата.

најчитани вести

Македонија

Медиа.мк дознава дека уапсените се браќа од Кичево кои важеле за страв и трепет во градот. Се работи за Ариф и Шпенд Алили кои...

Македонија

Денес на прес конференција Христијан Мицкоски соопшти дека Воислав Зафировски од политичката партија Интегра преминува во Вмро Дпмне, за почеток како член, но не...

Македонија

Бледиот и исплашен израз на Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кажа повеќе отколку прочитаните редови на однапред приготвените потсетници за најава на „катарзата“...

Македонија

Седум непознати портали за пошироката јавност , со скромна посетеност и без соодветен импресум или новинари кои работат во нив, добиле солидна сума од...