13.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

Во оваа земја откриен тип на коронавирусот кој е 10 пати ПОЗАРАЗЕН

Во Индонезија е откриен тип на корона вирусот кој што е дури 10 пати позаразен од другите. Новата мутација на Ковид-19 под ознаката D614G, според моменталните податоци, има пониска стапка на смртност и компликации.

Оваа мутација, научниците ја откриле со секвенцирање на ген од примерок, но потребно е дополнително да се истражи дали таа стои позади наглиот скок на бројот на заболени.

Индонезискиот епидемиолог Сјаризал Сјариф, ги предупредил граѓаните дека мораат да бидат внимателни затоа што моделот на ширење на заразата предвидува дека бројот на новозаболени од моментални 172.053 ќе се зголеми на 500.000 до крајот на годината.

-Ситуацијата е сериозна, локалното пренесување е надвор од контрола, објаснил Сјариф и додал дека бројот на позитивни можеби би бил многу поголем доколку лабаториите успееле да обработат повеќе тестови.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести