Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

Иницијативниот одбор со реакција до Мицкоски: Заев е премиер благодарение само на тебе!

Иницијативниот одбор за свикување на вонреден конгрес со реакција до Мицкоски, Ви го пренесуваме соопштението во целост:

Најпрвин го поздравуваме потегот што претседателот Христијан Мицкоски, реши да го прекине молкот и неговото исчезнување и криење од јавноста.

Жалиме што денес, после исполнувањето на вториот услов за оставка – неформирање влада, не собра храброст и демократски капацитет да ја понуди својата оставка пред членството на партијата. Членството најдобро знае дека единствен виновник што Зоран Заев по втор пат стана премиер е Христијан Мицкоски.

Додека “шпицен” кандидатот вчера го мачела дилемата дали да ја гледа синоќешната собраниска седница со пуканки или со чипс пред телевизор, членството на ВМРО-ДПМНЕ не може да се смири додека не најде одговор на прашањето “како можеше да се испушти ваква шанса”.

Одговорот е јасен. Човек што нема храброст да заземе став по ниедно прашање, човек што се крие на денот на избори и не им се заблагодарува на оние кои трчале за него, нема капацитет да го води ВМРО ДПМНЕ.

Претседателот Мицкоски пред изборите тврдеше дека според навигацијата што ја имал и релевантните анкети, ВМРО-ДПМНЕ има огромна предност пред СДСМ. На изборите се виде дека или лажел, или немал харизма за да ја материјализира таа предност или едноставно се договорил и му ја подарил победата на Зоран Заев.

Што и да е, подеднакво е лошо и недозволиво за лидер на ВМРО-ДПМНЕ.

Затоа одговорност и вонреден конгрес мора да има. Најпосакувано сценарио на Зоран Заев е Мицкоски да продолжи да ја води партијата во нови порази и после секој пораз да прогласува победи и да наоѓа оправдувања за пропустите.

Тоа не е опција ни за членството , ни за Македонија. Потребно е силно и обединето ВМРО-ДПМНЕ, кое ќе биде сериозна алтернатива и ќе го совлада Заев.


Иницијативен одбор за свикување на вонреден конгрес

најчитани вести

Свет

Пред малку нападнат Израел со 5 ракети од терористи од појасот Газа. 2 ракети го погодија Ашкелон, 1 кон Ашдод и 2 кон Тел...

Забава

Кралица на народна музика Лепа Лукиќ одлучила да напише тестамент и целата своја заштеда и имот да ја препише на својот внук Радисав. Сепак има...

Забава

Радмила Манојловиќ се појави на едно случување каде што се сретна со својата колешка Јелена Карлеуша и тој момент го овековечки со  заедничка фотографија....

Балкан

За Јосип Броз беа напишани многу песни, а една од најпознатите „Druže Tito ljubičice bela“, ја чинеше младата новинарка Жена Лебл две и пол години затвор...