Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

Џафери до пратениците: АКО НЕ ДА СЕ СТЕПАМЕ СИТЕ ТУКА!

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, видно нервозен, ги искара пратениците поради речникот употребен на говорницата и навредливите зборови кои пратениците си ги упатија меѓусебно.

Откако не успеа да ги смири, Џафери им свика на пратениците дека нема технички можности да ги прекине, но дека може да ги отстрани ако по трет пат од опомената не се почитуваат правилата.

Завршувајќи го своето обраќање, пратеникот Игор Јанушев удираше врз говорницата во собраниската сала, за што заработи силен аплауз од сопартијците, но и опомена од спикерот Талат Џафери.

Во кој парламент има лупање на маса и викање? Е па ај да се степаме тука сите? Не ме опоменувајте мене. Колегијално, не ми дофрлувај додека зборувам, Игоре, остро му се обрати Џафери на Јанушев. Треба да знаете дека сте во собрание, а не на партиска конференцијаНе сте веќе во кампања и таму тоа не се прави, реагираше Џафери.

Реакциите на пратениците следа по говорот на пратеникот Игор Јанушев кој го нарече Заев топ-шоп мандатар зошто тој секогаш велел и ветувал дека може повеќе.

најчитани вести

Македонија

Почна седницата на Советот за безбедност на Република Северна Македонија во претседателската „Вила Водно“, на која ќе се расправа за актуелната состојба со пандемијата...

Македонија

Пред малку до медиа.мк стигна информација дека е запалено возило во близина на Олимпико во Скопје. На терен е присутна полицијата која го преусмерува...

Македонија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ побара влада на широка коалиција, нo досега јавно не соопшти како според него може да се надмине проблемот со Бугарија. Партиските...

Македонија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се пожали на Фејсбук дека му го откажале интервјуто на Телма, обвинувајќи за цензура како за време на комунистичките...