11.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

Тешка сообраќајка во Скопје!

На 28.08.2020 во 20,15 часот било пријавено дека во Скопје на крстосницата од ул.“Христијан Тодоровски Карпош“ и ул.“Босна и Херцеговина“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило “хонда“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.К.(32) од Демир Хисар, и патничко моторно возило “опел астра“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Е.(20) од Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот Д.Е., а со телесни повреди се здобиле сопатничката од истото возило Љ.Е.(45) и возачот И.К. констатирани во Градската општа болница “Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести