9.8 C
Skopje
вторник, март 19, 2024

Мевљудин Алити е сопственик на дивоградбата кај Мавровка, НЕ САКА НИ ДА ЗБОРУВА ЗА ТОА

Мевљудин Алити е човекот кој ја поседува и фирмата која што го оперира кафулето „Фонтана” – ТП со угостителска дејност бифе АМ Фонтана во „Мавровка“ и имотниот лист за објектот кој таму се гради, а чии инвеститори институциите не можат да ги откријат за да можат да им го достават решението за уривање, објавува Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) во денешното истражување.

Повикувајќи се на официјални документи од Централниот регистар и од Катастар, ИРЛ објавува дека објектот каде што се наоѓаше кафулето „Фонтана“ имотен лист добил пред нешто повеќе од половина година откако Мевљудин Алити поднесува барање за легализација, бидејќи дотогаш „Фонтана“ се водел како времен објект затоа што е на јавна површина.

Според јавните документи до кои дошле новинарите на ИРЛ, општина Чаир го одобрила барањето за легализација на времениот објект во декември 2019 година.

Сите институции на Мевљудин Алити му доставуваат покана за разговор во врска со информациите за градењето на неговата парцела служејќи се со адресата во Чаир, иако според информациите на ИРЛ врз основа на кажувањата на еснафот во трговскиот центар, Алити живее во Сингилиќ.ИРЛ се обиделе да стапат во контакт со Алити, кој, прво не сакал да разговара за ова, потоа велел дека е грешка бројот, за на крај да им спушти слушалка.

Од ИРЛ стапиле во контакт и со една од фирмите која на Фејсбук е поврзувана со градбата на објектот на местото на „Фонтана“ – Антика Визион, но оттаму им одговориле дека немаат врска со овој објект.

Од општина Чаир велат дека го исконтактирале сопственикот на „Фонтана“, но тој им кажал дека не го гради новиот објект, па од таа причина решението за рушење се води на непознат сторител. Од Државниот градежен инспекторат за ИРЛ изјавиле дека објектот е од локално значење и дека тие немаат надлежност во овој случај.

Се додека инспекторот од општината го води предметот и додека се работи на случајот, тие не можат да преземат ништо.Надлежност за да и се одземат ингеренциите на општината има ДИГУ, но се додека се преземаат активности за отстранување на дивоградбата, општината ги има сите ингеренции.Во меѓувреме од општина Чаир се уште чекаат да заврши вториот тендер за компанија за рушење, за да можат самите да ја отстранат дивоградбата кај Мавровка.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести