Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

Талат Џафери: ШТО ДА ПРАВАМ, ДА ВЕ ТЕПАМ ОВДЕ…

Морам да укажам дека во моментов во оваа сала имаме осум пратеници коишто немаат легитимитет, ниту на легален начин им се верификуваше мандатот, рече Игор Јанушев од ВМРО-ДПМНЕ на собраниската седница за избор на нова влада.

– Јасно и прецизно е пропишано во членот 17 кој на Собранието му предлага верификација на мандатите по конституирањето на парламентот. Имено, во тој член е наведено дека верификацијата на мандат на пратеници кои станале пратеници од листата на кандидати за остатокот на мандатот, Собранието врши на првата наредна седница, а по предлог на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања. Овие извештаи се од Верификационата комисија којашто согласно овој Деловник престана да работи со завршувањето на конститутивната седница. Па така, сега имаме осум луѓе на кои местото не им е овде. И за тоа сте виновни вие што дозволивте тоа да се прави. И на овој начин продолжувањето со работа на ова Собрание ќе фрли огромна сенка на нелегалност и нелигитимитет. Но, тоа е нешто што не ме изненадува, оти во последниве неколку години, освен прекршување на Уставот и законите, не видовме ништо друго. Покрај тоа што целата македонска јавност знае дека сте криминалци, рекетари и неспособни, сега покажавте дека сте и неписмени – рече Јанушев.

На ова бурно реагираа пратениците од мнозинството, а Јанушев им порача да си побараат збор и да го кажат своето мислење преку говорницата.

По неговото излагање, собранискиот спикер Талат Џафери се обиде да го воспостави редот, но во собраниската сала сите пратеници зборуваа во исто време.

– Како треба да реагирам? Да ве тепам овде? Па не можам да ве тепам. Редот е тој – им се обрати Џафери на пратениците.

Toј му се обрати на Јанушев и му рече да го прочита членот 60.

– Организацијата и функционирањето на Собранието е во надлежност на претседателот на Собранието. Толкувањето на Деловникот е исклучива надлежност на спикерот. Доколку истиот мисли дека му е потребна помош во интерпретирањето на одредбите во Деловникот, тогаш може да побара помош од Комисијата – рече Џафери.

најчитани вести

Забава

НЕКОИ работи се повторуваат одново и одново во разни филмови, но во реалноста многу ретко. И ова е особено точно кога станува збор за...

Забава

ОВЕН Работа: Под голем стрес сте на работа. Не само што имате проблеми за реализација на плановите, туку добивате лоши вести за финансиите. Љубов:...

Забава

Сансевиерија е цвеќе кое не бара многу грижа – се пресадува на секои 2 до 3 години во малку поголема саксија Почвата треба да...

Свет

Петнаесет азиско-пацифички земји формираа најголем трговски сојуз во светот. Тоа се случи под покровителство на Кина и без учество на Соединетите држави, кои ги...