Connect with us

Hi, what are you looking for?

Свет

Еве како ЕВРОПА ЌЕ СЕ ОТВАРА ПО ЗАБРАНИТЕ И КАРАНТИНОТ

Европската унија очигледно веќе има јасна идеја како ќе изгледа враќањето во нормалниот живот по кризата предизвикана од епидемијата на КОВИД-19. Според германски „Велт“, Европската комисија предложи прекинување на итните мерки против ширењето на новиот коронавирус, со подолги интервали помеѓу фазите.

Комесарите првично имаа намера да го усвојат планот што требаше ЕУ да го објави како “есенски мерки“ после 1 септември. Сепак, на инсистирање на членовите, планот ќе биде објавен сепаратно, секоја држава за себе согласно европските смерници.

Локално ублажување на мерки: Земјите-членки прво ќе ги укинат мерките на локално ниво, а потоа ќе го прошират и ублажувањето кон другите земји, пред се кон Западен Балкан кој од јуни наваму е зона со висока заразеност.  Заштитните мерки кои се однесуваат на постарите лица остануваат на сила: Во принцип, ограничувањата ќе се фокусираат на помалите групи на луѓе. Така, мерките ќе бидат проширени на „најранливите групи, како што се старите лица“.

Без големи групи луѓе: Забраната за собирање голем број луѓе постепено ќе се олеснува, а ова се однесува и на спортските натпревари каде треба да се очекува дозвола за публика од 20-40 проценти од капацитетот на стадионите. Согласно ова, може да се очекува нормализација на посетите во театрите, кино салите или библиотеките.

Она што нас на Блаканот не интересира е кога ќе се отворат границите за нас, и кога ќе може да се аплицира за работа во богатите западно европски држави.

Одговорот на ова прашање е кај самите балкански држави. Прво, најмалку три недели, треба да има број на заболени помaлку од десет на милион жители. За ориентација, Македонија постојано има над 100 заболени дневно, што е 50 заболени на милион жители. Откако ќе се намали заразноста под бараната скала дури потоа може да се говори за отварање на границите кон Македонија.

најчитани вести

Македонија

Медиа.мк дознава дека уапсените се браќа од Кичево кои важеле за страв и трепет во градот. Се работи за Ариф и Шпенд Алили кои...

Македонија

Денес на прес конференција Христијан Мицкоски соопшти дека Воислав Зафировски од политичката партија Интегра преминува во Вмро Дпмне, за почеток како член, но не...

Македонија

Седум непознати портали за пошироката јавност , со скромна посетеност и без соодветен импресум или новинари кои работат во нив, добиле солидна сума од...

Македонија

Бледиот и исплашен израз на Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кажа повеќе отколку прочитаните редови на однапред приготвените потсетници за најава на „катарзата“...