8.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

Според Владата во формирање скратениот број часови овозможува учебната година да почне од октомври

Димензионирањето на политиките учебната година да почне малку подоцна, е поради скратениот број на часови, со што организираноста на учебната година е поставена да може таа да почне од први октомври. Како пример за ова мандатарот за состав на новата Влада и поранешен премиер Зоран Заев го посочи функционирањето на некои од приватните училишта кои и порано годината ја започнувале во октомври. Тој потврди дека интенцијата е со физичко присуство во училниците учебната година да започне прво од пониските одделенија.

Кај приватните школи некои почнувале и порано, како на пример „Нова”, кои имаат веќе здравствени и други протоколи како и други училишта кои тоа го прават. Суштината на размислувањата, бидејки уште е само размислување, да се почне со прво, второ и трето одделение, заради тоа што се работи за писменоста на нашите деца, затоа што со онлајн настава тешко ќе ги описмениме децата во тие години. Понатаму сето другото е он-лајн настава со опции. Општините ќе прават проценка согласно протоколите, согласно бројот на заразени во општината во регионот каде живеат граѓаните и вкупниот број на дечиња. Не знам ако имаме 600 училишта проценка е едно 350 може да се организираат доколку родителите одлучат, училишните одбори, градоначалникот и Советот направат проценка и затоа државната комисија која е определена со одука на Влада ќе даде согласност за ваква работа – рече Заев.

Тој додаде дека сепак најважно е здравјето на децата, поради што понатаму ќе се развијат и други комбинации следејќи го здравствениот аспект на учениците.

Имаше размислување и 6 одделение да оди со физичка настава, прва година средно да оди со физичка настава, но она што засега е одлучено е 1 октомври, прво, второ и трето одделение да почнат со физичка настава и секако он-лајн настава со сите можни опции. Имаме населени места со по 7 дечиња во паралелка или севкупно 25 дечиња во 4 години на образование. Имаме помал број на ученици во речиси 50 посто од државата, така да верувам дека таму каде сите заедно ќе одлучат учениците, родителите, наставниот кадар, градоначалниците, советот, сите заедно како најодговорни ќе се организира наставата, а штом ќе се донесат одлуките ќе бидат соопштени од министерката за образование јавно секако и ние другите членови на Владата – истакна Заев.

Во однос на работатата на градинките министерот за здравство Венко Филипче кој заедно со мандатарот Заев во Македонска Каменица, одговараше на новинарски прашање за време на одбележување на прославата на Денот на градот рече дека е можно отворање на градинките уште во септември.

Ние уште пред неколку месеци разговаравме за протоколите како ќе се организира работењето во градинки, имавме многу плодни средби можам да кажам дека уште тогаш со претставници на Министерството за труд и социјална политика и разгледувавме модели и од други земји во Европа и направивме и посебни примери, еве на пример во градинка во Штип, во Скопје, за да видиме како би се спроведувале протоколите. За таа цел имавме состанок со сите директори на Центрите за јавно здравје во државата, за да се знае каква ќе биде комуникацијата помеѓу градинката, Центарот за јавно здравје и матичниот лекар и кои родители на кои деца од истата група или од другата. Така да сме ги расчистили дилемите за сите аспекти така да потребна е на владина седница на предлог на МТСП да се донесе одлука за почеток на работа на градинките, иако е тешко да кажам, но сметам дека можат да почнат уште во септември – рече Филипче.

Во таа смисла тој рече дека е можно намалување на дечињата во групите.

Поради ова зголемена е едукацијата на воспитувачките, кои што работат со децата, сметам дека обезбедува безбедна средина за децата да бидат повторно во градинка. Истите се принципите за заштита од болеста, меѓутоа согласно она што го спремавме досега, сметам дека тие кога ќе се одлучат можат како датум за почеток можат да ги примаат децата и да понат со работа. На последниот состанок на Комисијата за заразни болести зборувавме и за алгоритмот како би постапувале кога би се јавила покачена температура кај некое дете. За таа цел имавме состанок со сите директори на Центрите за јавно здравје во државата, да се знае каква ќе биде комуникацијата помеѓу градинката, Центарот за јавно здравје и матичниот лекар и кои родители на кои деца од истата група или од некоја друга група – додаде Филипче.

Во однос на најавените протести на средношколците кои бараат комбиниран модел на настава Филипче рече дека државата всушност има комбиниран модел на настава, а целта е сите да бидат во училница.

Ние всушност и имаме комбиниран модел на настава и тоа заедно го работевме со МОН во изминатиот период. Целта е сите ученици да бидат во училница затоа што физичкото присуство со предавања нема алтернатива. Свесни сме дека он-лајн наставата има можност само сега, но како приоритет го ставаме зачувувањето на здравјето на децата тој влез на децата во училниците да го правиме постепено. Во тој поглед засега од прво до трето одделение со согласност од родителите а понатаму и следните групи односно одделенија за почеток, 6 одделение и прва година средно училишта, а понатаму се во согласност со ситуацијата од пандемијата – посочи министерот за здравство.

Според него целта е да се избегне сценариото во некои земји кога беа отворени училиштатата па потоа поради зголемениот број заразени повторно да се затворат.

Видовме многу лоши примери од нагло отворање на училишта во други земји како Германија, Израел, после отворањето и големата концентрација на деца во затворен простор на едно место продуцираше многу за жал заболени деца па беа приморани овие држави, да ги затворат училиштата делумно или целосно што е сценарио кое сакаме да го избегнеме. Ние имавме конструктивна средба со средношколците и им укажавме дека нивните барање сме ги исполниле, уште претходно, укажавме дека е демократско право да се протсетира. Секако дека инсистирав да тоа не е начин да се укаже на немање на комуникација и учениците беа коректни кажаа дека се задоволни од начинот на комуникација и им укажавме дека таа добра комуникација ќе продолжи и понатаму, тој процес треба да биде инклузивен да сите накои се однесуваат одлуките учениците и нивните родители бидат вклучени во начинот на донесување на одлуките. На нашиот заеднички состанок им укажавме како се носат одлуките врз основа на кои параметри зошто сметаме дека на овој начин треба да се носат одлуките – додаде Филипче.

Она што е сигуирно како што посочија и мандатарот Заев и министерот Филипче е дека учебната година започнува на 1 октомври 2020 година.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести