9.8 C
Skopje
среда, април 17, 2024

Распределбата на директорските места во новата Влада ќе бидат познати во септември

Рано е да се разговара за распределба за директорските места со ДУИ затоа што не е битен кој ќе раководи, туку дали кадрите одговараат за тие места, истакна мандатарот Зоран Заев одоговарајки на новинарско прашање кога најдоцна ќе бидат познати имињата на новите директори на поважните институции во новата Влада.

– Во претходната Влада јас станав премиер на 1 јуни 2017, а тоа го одлучувавме некаде во август, зошто, заради тоа што не се прави груба распределба кој каде ќе има одговорност туку кадрите кои се нудат на маса како потенцијал кој што ги имаме. Секако не само политичките партии, туку и експертите и професионалците во државата и така ќе ги утврдуваме, рече Заев.

Тој додаде дека најрано тоа би се случило во септември, кога ќе се носат тие одлуки, за до почетокот на октомври овие прашања да бидат решени. 

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести