5.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

ПОЖАР во млекарница во велешко Ногаевци

Во пожар што избувнал изутрината околу пет часот во млекарница во село Ногаевци изгореле кровната конструкција и дел од машините. По брза интервенција на противпожарната единица од Велес со две возила и едно од Неготино, како и цистерна од ЈКП Дервен од Велес, пожарот бил изгаснат во 10  часот и 30 минути, информираа од Територијалната противпожарна единица Велес.

Како што изјави Љупчо Лепидовски, командир на ТППЕ Велес, во пожарот изгрела кровната конструкција и дел од машините во млекарата.

Увид на лице место се уште врши екипа на СВР Велес. Материјалната штета ќе се утврдува дополнително.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести