12.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

МУ ПАДНАЛ КУФЕР НА ПРЕСАДЕНАТА КОСА, сега ја тужи компанијата

Италијанец кој извршил трансплантација на коса во Истанбул ја тужи турската авиокомпанија „Туркиш ерлајнс“ за причинетата штета откако врз главата му паднал куфер, пишува агенцијата Дире.

37-годишен маж од Таранто, на југот на Италија, ја тужи турската компанија дури сега, бидејќи неколку месеци по операцијата се покажало дека неговата трансплантирана коса пораснала успешно на сите места, освен таму каде што му паднал куферот.

Како што пишува агенцијата, настанот се случил во ноември минатата година, кога патникот се упатил дома дома еден ден по операцијата.

За да ја заштити својата ново оперирана глава, тој се обидел да земе перница од преградата над седиштето, но на главата му паднал мал куфер. Раната искрварила, персоналот излегол во пресрет, и се ќе било добро ако, неколку месеци по операцијата, косата на „удреното“  пораснала како што треба.

Патникот сега бара оштетаа од 135.000 евра.

Во овој случај, авиокомпанијата не може во своја одбрана да каже дека се преземени сите неопходни мерки за заштита на патниците, бидејќи според меѓународните правила, такво нешто може да се земе предвид само доколку штетата е поголема од износот што го бара Италијанецот.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести