Првоосомничен за убиството е албанскиот државјанин Даниел Мука (25). Тој бил изведен пред суд и се изјаснил за невин. Македонецот Виктор Драгомански е уапсен на Малта како второосомничен за двојно убиство што се случило во градот Слиема.
Двајцата се обвинети за убиство на Кристијан Пандолфино и неговиот партнер Ивор Мациејовски. Тие биле убиени во нивниот дом во Слиема на 18 август со огнено оружје. Двајцата биле колекционери на уметнички дела.
