Американците кои пред пандемијата на работа одеа со своите автомобили заштедиле околу 758 милиони долари дневно од почетокот на карантинот, според истражувањето на економистот Адам Озимек.
Тоа заедно прави економско влијание од 91 милијарди долари, се наведува во студијата. Заштедите се поделени во неколку категории, вклучително и директните трошоци и временската вредност, при што второто носи најголеми економски придобивки.
Земајќи ја предвид „скромната“ вредност од 12,50 долари по час, за време кое Американците поминуваат во автомобили на пат кон и од работа, граѓаните колективно „собрале“ 411 милиони долари на ден со останувањето дома.
Понатаму, помалку пат до бензински пумпи и авто-механички продавници значи заштеда од 183 милиони американски долари на ден, додека намалениот број несреќи, загадување и други социјални влијанија придонесле 164 милиони американски долари.
На кратко, секој „патник“ од март досега заштедил во просек повеќе од 2.000 долари работејќи од далечина. Исто така, оние кои работат во Њујорк, Вашингтон и Сан Франциско штеделе и 70 минути на ден.