6.8 C
Skopje
сабота, април 20, 2024

Спасовски откри зошто се ОДЛОЖУВА СТАРТОТ НА УЧЕБНАТА ГОДИНА

Одложувањето на почетокот на учебната година за еден месец има медицинска оправданост и е поради епидемиолошката состојба како прва причина, а втората е легислативата односно неможноста да се носат закони или измени до формирање ново Собрание и Влада, рече премиерот Оливер Спасовски одговарајќи на новинарски прашања.

– Во време кога завршуваат годишните одмори, кога луѓето се враќаат од одмори и патувања, кога се подготвувавме за отворање на градинките и се подготвуваме како да биде образованието, од сето тоа гледано во пакет се зголемува можноста за трансмисија на вирусот КОВИД-19. Тоа е првата причина за одложување. Ввторо, зашто во овој период немавме Собрание и немавме Влада која може да носи вистински одлуки, зашто според изборниот закон е дифинирано дека до формирање нова влада не смее да се носат низа одлуки, а немаме можности ни за законски измени. Ако треба онлајн-настава, треба да се смени закон, рече Спасовски.

За двете одвоени средби што вчера ги имаше со групи родители – едните за онлајн-настава, а другите за настава со физичко присуство, премиерот рече дека биле корисни и плодни и оти имале заедничка заложба за квалитетно образование во интерес на учениците.

Истакна дека периодот од еден месец, до 1 октомври, треба да биде посветен само на избирање модел кој, како што рече, „ќе биде нужно зло во една ваква состојба“ и дека заедно треба многу повеќе да се посветат на вистински реформи на образовниот процес кои ќе дадат поголем квалитет.

-Имавме две корисни, плодни средби, на кои не само што двете групи родители си ги кажаа своите ставови, туку договоривме и увидовме дека споделуваме заеднички вредности во однос на образовниот систем. Заедничката констатација е дека треба да имаме квалитетно образование кое ќе им овозможи стекнување знаење на нашите деца затоа што образованието е, сепак, иднината на државата, додаде Спасовски.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести