14.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

НИ СЕ ЗАКАНУВА ИНФОДЕМИЈА – Еве што е тоа

Иако на интернет и на социјалните мрежи во последно време се почести се теориите на заговор за коронавирусот, како дека тоа е обична респираторна инфекција, вештачка болест,  дека повеќе луѓе ги губат животите од обичен грип отколку од коронавирусот, официјалните податоци силно го негираат тоа.

Нема лек

Според податоците на Светската здравствена организација (СЗО), во светот во просек 650 000 луѓе умираат од сезонскиот грип годишно, додека за само осум месеци, со сите преземени мерки, Ковид веќе одзел 813.410 животи!

Генералниот директор на СЗО, д-р Тедрос Адана Гебрејсус претходно предупреди дека стапката на смртност од коронавирус може да достигне до 3,4 проценти, што е далеку повисоко од сезонскиот грип.

– Овој коронавирус не е САРС, не е МЕРС, не е грип. Тој е единствен вирус со уникатни карактеристики. Постојат вакцини и специфични медицински третмани за сезонски грип, што не е случај со новиот вирус, поради што не може да се лекува како грип – предупредил тој уште во март.

Пулмологот д-р Татјана Радосављевиќ објаснува дека разликата помеѓу грипот и коронавирусот е тоа што Ковид е многу сериозна системска болест, која може да влијае на срцето, мозокот, бубрезите и другите органи.

Опасна инфодемија

На почетокот на пандемијата, СЗО предупреди за опасна „инфодемија“.

– Избувнувањето на коронавирусот  и одговорот против него беа придружени со голема „инфодемија“, односно вишок на информации, од кои дел се точни, а некои не, што им отежнува на луѓето да бараат веродостојни извори и сигурни толкувања кога им се потребни – се наведува во извештајот на СЗО од февруари.

Никој не е заштитен

– Инфекцијата со Ковид 19 е целосно нова болест, предизвикана од целосно непознат вирус кој е од природно потекло. Оваа болест е многу посериозна од грипот и не може да се спореди со него токму заради тоа. Во последно време стана јасно дека никој, ниту млад ниту стар, не е заштитен од болеста. Сè уште нема сигурна вакцина, а шведскиот модел на масовна инфекција, за да се создаде „имунитет на стадо“, се покажа како неефикасен – вели д-р Радосављевиќ и додава:

– Затоа мерките за превенција се клучни и неопходни: носење маски, одржување физичко растојание, миење раце и избегнување масовни собири. Постојат луѓе кои тврдат дека коронавирусот скоро и да не постои, но тие тоа го велат дека сè додека не се разболат сами или некој од нив се разболи. Интернетот во последно време е преплавен со разни теории на заговор, па затоа, покрај антиваксерите, се појавија и антимаскатори, што е страшно. Ваквите теории ни го отежнуваат спроведувањето на единствената ефективна работа што ја имаме досега, а тоа се мерки за превенција, без кои значително поголем број луѓе би се разболеле или потенцијално ќе умрат.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести