14.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

Костовски бара Џафери, ОЈО, ДКСК и МВР ДА СЕ ВКЛУЧАТ ВО ИСТРАГАТА ЗА „ЕУРОСТАНДАРД“

Сопственикот на пропадната „Еуростандард банка“, Трифун Костовски упати јавен повик до претседателот на Собранието Талат Џафери, Обвинителството за организиран криминал, Антикорупциска комисија и Министерството за Внатрешни работи да се вклучат во истрагата околу стејачот.

– Јас, Трифун Костовски ги повикувам горе наведените институции да се вклучат во истрагата околу случајот за стечајот на Еуростандард банка, кој изобилува со недоследности од страна на надлежните институции и многу нејасностии за носењето на оваа одлука. Ги молам институциите да почнат да дејствуваат по принципот на допрен глас, се вели во јавниот повик од Костовски.

Претходно Костовски ги повика сите институции и политичките партии  за поддршка за враќање на банката.

– Јас, Трифун Костовски, еден од акционерите на Еуростандард банка, јавно ги повикувам сите политички партии, сите институции, сите владини, невладини и верски организации, да дадат поддршка Народна банка на Република Македонија, да ја повлече одлуката за стечај на Еуростандард банка и да ја врати во првобитна состојба, напиша Костовски.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести