3.8 C
Skopje
среда, ноември 25, 2026

Актерката на “OnlyFans” ЗАРАБОТИ ПОВЕЌЕ ОД МИЛИОН ДОЛАРИ ЗА 24 ЧАСА

Поранешната Дизниева ѕвезда, а денес американската актерка, режисерка и пејачка Бела Торн (22) го сруши рекордот на една платформа наменета за возрасни.

Имено, Бела отвори профил на сега сè повеќе популарниот сајт „OnlyFans“, каде што објавува свои провокативни фотографии на на своите следбеници, кои за да ги видат мораат да платат.  

Се наведува дека Бела заработила повеќе од милион долари за само 24 часа од отворањето на нејзиниот профил, што засега е рекорд на оваа платформа.

За да се претплатат да ги гледаат нејзините објави, корисниците на оваа платформа мора да издвојат 20 долари месечно.

Таа исто така најави дека ќе ја искористи платформата за хуманитарни акции, но и во создавање на нејзиниот нов филм, на кој работи, во соработка со Шон Бајкер.

– Тоа е нешто што го истражуваме во моментов. Кои се предностите и недостатоците на оваа платформа? Што прават на корисниците ваквите платформи и каква е врската помеѓу реалниот живот и животот на „OnlyFans“? Колку може да го промени вашиот живот на полошо или на подобро? До каде сте подготвени да одите? – рече Бела  објаснувајќи нејзините намери

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести