Полицијата во Илиноис вчера уапсила малолетник осомничен за убиство на двајца демонстранти во Кеноша за време на протестите што избувнаа поради пукањето на афроамериканецот Џејкоб Блејк кога полицијата, осум пати, го застрела во грбот.
Командантот на локалната полиција Норман Џонсон изјавил дека осомничениот млад човек, чие име не е обелоденето затоа што има помалку од 18. години, е уапсен под сомнение за сторено убиство од прв степен. Полицијата не објави други детали.
Меѓутоа, социјалните мрежи беа преполни со снимки од еден дечко кој беше идентификуван како Кајл Ритенхаус непосредно по убиството. Додека многумина го означија како поддржувач на белата надмоќ, но за тоа нема јасна потврда.
Две лица синоќа загинаа кога еден млад белец, кој е снимен со мобилен телефон, пукал на улица со полуавтоматска пушка.
„Само што убив некого“, се слуша на снимката за време на пукањето што се случило нешто пред полноќ.
Една жртва била застрелана во главата, а другата во градите, изјавил Шериф Дејвид Бет за еден локален весник.
Трето лице е повредено од огнено оружје, но не било опасно по живот.
На социјалните мрежи се појави видео од момчето кое пукало, пред убиството, кое ја покажува неговата решеност да пука со цел „да го одбрани имотот“:
Исто така се појавиле и снимки на кои се гледа како тинејџерот бил нападнат пред да почне да пука…