Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

АХВ изготви прирачник за прирачник за безбедна подготовка на храна во градинките

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) во соработка со Организацијата на потрошувачи, изработи Прирачник за оператори со храна во градинките.

Во прирачникот детално се разработени принципите и нормите на добра хигиенска и производна практика кои им помагаат на операторите со храна соодветно да ги подготват објектите, персоналот и процесот на работа за подготовка на квалитетна и здравствено безбедна храна за децата од предучилишните установи.

Прирачникот содржи информации и упатства кои се однесуваат на хигиената на објектот и персоналот, контролата на операциите, обуките, чистењето и одржувањето на просториите за храна, нејзиниот трансорт, како и за управувањето со записите.

Во него се наведени и сликовити примери кои се однесуваат на безбедноста на храната.

Унапредувањето и подобрувањето на начинот на исхрана во предучилишните установи и развојот на здрави навики за исхрана кај децата се многу значајни прашања, па оттаму, во вториот дел од прирачникот содржани се насоките за исхрана на децата за време на престојот во градинките. Прирачникот содржи и практични совети за планирање на организираната исхрана и планирањето на оброците за децата, се наведува во соопштението на АХВ.

Во прирачникот може да се најдат и голем број табели во кои се објаснети дневните енергетски потреби на децата, препорачаниот дневен внес на хранливи материи, витамини и минерали, според возрасните групи на децата.

најчитани вести

Македонија

Медиа.мк дознава дека уапсените се браќа од Кичево кои важеле за страв и трепет во градот. Се работи за Ариф и Шпенд Алили кои...

Македонија

Денес на прес конференција Христијан Мицкоски соопшти дека Воислав Зафировски од политичката партија Интегра преминува во Вмро Дпмне, за почеток како член, но не...

Македонија

Седум непознати портали за пошироката јавност , со скромна посетеност и без соодветен импресум или новинари кои работат во нив, добиле солидна сума од...

Македонија

Бледиот и исплашен израз на Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кажа повеќе отколку прочитаните редови на однапред приготвените потсетници за најава на „катарзата“...