Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

Амбасадорката Брнз во тетовска Вратница на одбележување годишнина од падот на американски воен авион

Амбасадорката на САД во Северна Македонија Кејт Мери Брнз ја посети тетовска Вратница за им оддаде почит на загинатите пилоти од паднатиот американски бомбардер Б-24 наречен „Наша љубов” што се урнал во месноста Камче на 26 август 1944 година, соопшти здружението на жители од Вратница.

По тој повод жителите на Вратница  со поддршка од Амбасадата на САД до месноста Камче трасирале патека и поставиле информативни табли.

Со оваа историска патека оддаваме почит на сите жртви од Втората светска војна. Ја користам оваа прилика да ги поканам сите љубители на планината да ни се придружат на претстојниот традиционален марш што ќе се оддржи на 29 август, во сабота. Повеќе информации може да се најдат на ФБ страницата на Вратница, а сите заинтересирани можат да се пријават на следниот емаил: [email protected], изјави претседателот на Здружението на жители на Вратница Мирослав Ќировски.

Покрај планинарскиот марш до местото на паднатиот авион, амбасадорката на САД го посети хостелот „Китка” и се запозна со туристичката понуда на Вратница.

Чест ни е што амбасадорката е гостинка во Вратница по втор пат што покажува дека вреди да се посети Вратница, рече Ќировски.

Одбележувањето на овој настан е овозможено благодарение на жителите на Вратница и нивната соработка со Амбасадата на САД во Северна Македонија.

При падот на американскиот воен авион во 1944 година загинале шест војници, а тројца се спасени од мештаните.

На 26 ноември 2014 беше откриена спомен плочата за американските војници во Вратница од страна на тогашниот американски амбасадор Пол Волерс и тогашниот министер за одбрана Зоран Јолевски.

најчитани вести

Македонија

Како што Заев се колнеше во „жицата македонска“, така и „жицата“ на првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ не издржа многу. Две ипол години по донесувањето...

Свет

Многу промени ќе се случат, а Бил Гејтс на почетокот на оваа недела зборуваше за долгорочните последици од пандемијата врз нашите животи. За некои,...

Свет

На почетокот на ноември 2017 година, речиси 400 најмоќни луѓе од Саудиска Арабија, меѓу нив принцови, тајкуни и министри, беа повикани и приведени во...

Свет

Нов мутиран вид на коронавирус, откриен на фарми со визони (куни) во Данска, најверојатно изумрел, соопшти денеска данското Министерство за здравство. Нови случаи на...