14.8 C
Skopje
вторник, април 16, 2024

Фатиме се појави со комплетно сменет имиџ и НОВА ФРИЗУРА

Обвинителката Фатиме Фетаи, денеска на суд се појави со нов имиџ, кратка коса и одело. Инаку, денеска во Кривичниот суд Скопје продолжи судскиот предмет за петкратното убиство во Смилковско Езеро во април 2012, познат како „Монструм”. Ова е прво рочиште по завршување на судската ферија.

Постапката на овој случај е во фаза на доказна постапка. Сведоците на обвинителството скоро се при крај, односно на една од следните рочишта би требало свој исказ да даваат сведоците предложени од одбраната.

Судењето за овој предмет го води судската двојка Огнен Ставрев и Осман Шабани, додека обвинението го застапуваат обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести