16.8 C
Skopje
среда, април 17, 2024

Левица бара ИТНА СОБРАНИСКА СЕДНИЦА ЗА ЕУРОСТАНДАРД БАНКА

Левица бара да се свика итна собраниска седница за пратенички прашања на која ќе бидат повикани министерката за финансии Нина Ангеловска и гувернерката Анита Ангеловска Бежоска. 

Пратениците Димитар Апасиев и Борислав Крмов до Талат Џафери веќе доставиле официјално писмено Известување со барање за свикување итна седница за поставување пратенички прашања.

„Ваквата специјална седница, според Деловникот, е предвидено да се одржува секој последен четврток во месецот. Бидејќи утре е последниот четврток во тековниот месец август (27.VIII.2020), а воедно е и последна шанса за поставување пратенички прашања на министрите од техничката преодна Влада на РМ во заминување – нашите пратеници побараа итно свикување пленарна собраниска седница, како би се овозможил уставниот принцип на парламентарна контрола на законодавната врз извршната власт.

Бидејќи планираме на оваа седница да го отвориме контроверзното прашање за пропаста на „Еуростандард банка“ АД Скопје во стечај и на тргувањето со инсајдерски информации од страна на актуелни функционери на штета на граѓаните и јавниот интерес – пратениците на Левица, 24 часа пред седницата, писмено побараа на седницата да се обезбеди задолжително присуство на Министерката за финансии – Нина Ангеловска и на Гувернерката на Народната Банка на РМ – Анита Ангеловска-Бежовска, согласно чл. 38 од Деловникот, стои во извесувањето.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести