5.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

Во Србија нема да ви треба ПЦР-тест, ама само ако транзитирате

Србија на сите гранични премини ја засили санитарната контрола поради враќањето на туристите од летните годишни одмори од земји со зголемен број на пациенти заболени од Ковид-19.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, српската влада воведе мерки за патници од земји со неповолна епидемиска состојба, меѓу кои се Република Македонија, Бугарија, Романија и Хрватска.

Граѓаните на овие земји кои влегуваат во Србија мора да имаат негативен ПЦР тест не подолг од 48 часа од денот на издавањето.

На другите патници српската гранична полиција им дели предупредувања во кои се наведени карактеристиките и симптомите на Ковид-19, со истакнати телефонски броеви на институтите за јавно здравје.

Според новите правила кои ги донесе Министервото за здравство на Србија, македонските државјани кои транзитираат низ територијата на Србија, не е потребно да приложуваат негативен ПЦР тест при влез во оваа земја, со тоа што периодот за транзитирање е лимитиран на 12 часа од моментот на преминување на границата.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести