Connect with us

Hi, what are you looking for?

Свет

Песков: Москва е заинтересирана да се утврдат причините за состојбата на Навални

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска изјави дека Москва е заинтересирана да се утврди причината за состојбата на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, кој е сместен во болница во Берлин и е во индуцирана кома.

Песков истакна дека Русија не се согласува со обвинувањата дека наводно станува збор за труење, и додаде дека причините за здравствената состојба на Навални, кој беше сместен во болница во Сибир пред да пристигне во Берлин, допрва треба да бидат утврдени.

Секако дека сме заинтересирани, не помалку од другите, да откриеме што ја предизвикало комата кај пациентот кој се лекува во болницата во Берлин, а што се однесува до различните чести и избрзани изјави дека постои голема веројатност за труење, ние сме трпеливи, но во оваа фаза остро не се согласуваме со таа теза, рече Песков на прес-конференција.

најчитани вести

Македонија

Медиа.мк дознава дека уапсените се браќа од Кичево кои важеле за страв и трепет во градот. Се работи за Ариф и Шпенд Алили кои...

Македонија

Денес на прес конференција Христијан Мицкоски соопшти дека Воислав Зафировски од политичката партија Интегра преминува во Вмро Дпмне, за почеток како член, но не...

Македонија

Бледиот и исплашен израз на Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кажа повеќе отколку прочитаните редови на однапред приготвените потсетници за најава на „катарзата“...

Македонија

Седум непознати портали за пошироката јавност , со скромна посетеност и без соодветен импресум или новинари кои работат во нив, добиле солидна сума од...