Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

Екс вицепремиерот за евроинтеграции, Васко Наумовски со шифрирани пораки на фејсбук

Екс вицепремиерот за евроинтеграции од периодот 2008–2011 и екс амбасадор во САД, Васко Наумовски продолжува со објавување на шифрирани пораки преку својот фејсбук профил во периодот додека траат пресметките во Вмро Дпмне.

Во една од пораките тој порачува дека ” Луѓето кои те однеле во пораз, нема да те однесат во победа” , а е проследено со негов коментар -навременото прогледување е спасоносно. Доколку се заклучи дека Мицкоски загуби, а пораката е објавена непосредно после изборите, голем дел од медиумите го приклучија во големиот број актуелни и поранешни функционери кои бараат оставка од Мицкоски и вонреден конгрес.

Васко Наумовски во текот на кампањата според фотографиите на својот фејсбук профил може да се заклучи дека често бил во друштво на претседателот на Вмро Дпмне Христијан Мицкоски ,па би бил првиот од потесното опкружување на Мицкоски кој побара промени.

Според некои аналитичари Мицкоски не поднесува притисок и тешко се снаоѓа во ситуации кога е јавно критикуван. Од првото појавување на делегатите кои стојат позади Иницијативата за 17ти вонреден конгрес, во која секојдневно се приклучуваат голем број членови и функционери на Вмро Дпмне, до денес Мицкоски се нема појавено во јавноста.

Во екот на внатрепартиските пресметки Васко Наумовски е првиот поранешен висок функционер кој според пораките повикува на обединување.

најчитани вести

Македонија

Медиа.мк дознава дека уапсените се браќа од Кичево кои важеле за страв и трепет во градот. Се работи за Ариф и Шпенд Алили кои...

Македонија

Денес на прес конференција Христијан Мицкоски соопшти дека Воислав Зафировски од политичката партија Интегра преминува во Вмро Дпмне, за почеток како член, но не...

Македонија

Бледиот и исплашен израз на Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кажа повеќе отколку прочитаните редови на однапред приготвените потсетници за најава на „катарзата“...

Македонија

Седум непознати портали за пошироката јавност , со скромна посетеност и без соодветен импресум или новинари кои работат во нив, добиле солидна сума од...