13.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

ОК Вмро Дпмне Аеродром се приклучи на иницијативата за вонреден конгрес!

Голем дел членови на ОК Вмро Дпмне Аеродром се приклучија на иницијативата за вонреден конгрес.

„Меѓу нас има членови на општинскиот комитет, претседатели на месни комитети, како и обични активисти. Поддршката на идејата за свикување вонреден конгрес во ОК Аеродром е голема. Партијата е во очајна состојба. ВМРО-ДПМНЕ никогаш не било послабо. Никогаш во историјата на партијата немало ваква разединетост, помеѓу членовите како и меѓу членовите и раководството. Ова се само дел од причините поради кои решивме јавно да проговориме и да се обидеме нашиот глас да стигне до раководството на партијата. Раководството е целосно дистанцирано од комитетите и членството, како да се затворени во стаклено звоно.

Сметаме дека одржувањето на вонреден конгрес е единствениот начин да ја спасиме партијата која е тргната кон амбис.Се надеваме дека оваа наша порака ќе стигне до претседателот на партијата и ке ја прифати идејата за оддржување вонреден конгрес”- вели Јоаким Димулков, член на ВМРО-ДМПНЕ од Аеродром.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести