12.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

КРИВИЧНИ за струмички газди кои во локалите имале малолетници, гласна музика и работеле подолго од пропишаното

Во текот на изминатиот викенд во три угостителски објекти на подрачјето на општина Струмица констатирани се кривични дела, во еден угостителски објект констатиран е прекршок „пуштање гласна музика“, а  во друг угостителски објект било констатирано присуство на малолетници подоцна од 24:00 часот предвидени во Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, информираат денес од СВР Струмица.

-За сите сопственици на угостителските објекти кај кои ќе бидат констатирани прекршоци и кривични дела, Секторот за внатрешни работи-Струмица, согласно своите надлежности, ќе подготви соодветни поднесоци, а за правните лица ќе предложи  изрекување на соодветни прекршочни и кривични санкции, стои во соопштението од полицијата.

Понатаму се додава дека СВР-Струмица во соработка со Државниот пазарен инспекторат, во претстојниот период ќе продолжи со преземање интензивни мерки и активности во угостителските објекти на подрачјето, насочени во делот на присуство на малолетници во угостителски објекти по 24:00 часот, непостапување  според здравствените прописи за време на епидемија, точење алкохолни пијалаци на малолетници, гласна музика и непочитувањето на работното време.

Полицијата апелира до сопствениците на угостителските објекти и граѓаните  да ги почитуваат препораките од Владата на Република Северна Македонија и законските правила и прописи.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести