Во Кичево денеска нема нови лица заразени, но има двајца оздравени, според податоците од Министерството за здраство со коронавирус, со што вкупниот број на заразени со ковид-19 во оваа општина остана на 263 лице, од кои 98 се активни, 155 се излекувани и десет лица се починати.Денешните податоци покажуваат дека првпат по подолг период Кичево е со двоцифрена бројка на активни случаи.
-Денеска кај нас за среќа немаме новозаболени лица од коронавирусот и бројот на активни случаи падна на 98 што значи по подолг период имаме двоцифрена бројка на активни случаеви, бидеќи за среќа денеска имаме двајца оздравени лица, вели д- р Станко Трпески директор на Општата болница и член на Општинскиот кризен штаб во Кичево.
Тој упатува апел до сите граѓаните да ги почитуваат препораките дадени од надлежните здравствени институции.