Connect with us

Hi, what are you looking for?

Забава

ТАЊА САВИЌ БАРА ПОМОШ: Се плашам дека Душан ЌЕ МЕ УБИЕ, АМА ЌЕ СЕ БОРАМ ЗА ДЕЦАТА!

Тања Савиќ се плаши дека е во опасност од сопругот Душан Јованчевиќ, но таа е подготвена по секоја цена да оди во Австралија за да се бори за нејзините синови. Со години има проблеми со сопругот, кој се лекувал од зависност од дрога, а според нејзините блиски пријатели, таа била и жртва на физичко и ментално злоставување. Душан постојано и се заканувал на Тања дека ќе ги однесе децата и ќе избега со нив, што се случи по втор пат.

Извор близок на Савиќ, вели дека таа сега се плаши од одмазда на Душан затоа што слушнала дека е многу лут поради објавите во медиумите, а особено затоа што таа се подготвува да оди по децата.

Тања тврди  дека Душан ги однел децата без нејзина дозвола, а тој исто така пријавил како таа се откажала за да добијат социјална помош од 3.000 долари месечно. Сето ова се смета за голема повреда, па Јованчевиќ би можел да биде суден во австралискиот суд за измама. Тоа е уште една причина зошто тој не сака да Тања да се појави.

Сепак, ништо нема да ја спречи Тања да патува во Австралија веднаш штом ќе се исполнат условите и ќе се бори за нејзините деца. Таа се плаши дека сопругот ќе може да и наштети и се плаши за нејзиниот живот, но нема да се откаже од нејзината борба.

Поддршката на луѓето од Австралија многу и значи бидејќи тие покажале емпатија за нејзиниот случај и подготвеност да и помогнат. Ваквите гестови и дале уште поголема сила да издржи.

– Луѓето мислат дека дадов согласност и дека сега ги барам децата да си ги вратам назад. Тоа навистина не е така. Тој буквално ги киднапираше моите деца. Бев со родителите во Радинац кога имавме расправија, а во свое време ќе кажам зошто – рече таа минатата недела и додаде дека ова не е прв пат нејзиниот сопруг насилно да ги однесе синовите.

најчитани вести

Македонија

Медиа.мк дознава дека уапсените се браќа од Кичево кои важеле за страв и трепет во градот. Се работи за Ариф и Шпенд Алили кои...

Македонија

Денес на прес конференција Христијан Мицкоски соопшти дека Воислав Зафировски од политичката партија Интегра преминува во Вмро Дпмне, за почеток како член, но не...

Македонија

Седум непознати портали за пошироката јавност , со скромна посетеност и без соодветен импресум или новинари кои работат во нив, добиле солидна сума од...

Македонија

Бледиот и исплашен израз на Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кажа повеќе отколку прочитаните редови на однапред приготвените потсетници за најава на „катарзата“...