Connect with us

Hi, what are you looking for?

Балкан

“Се крстеа кога ги пакував куферите и тргав накај Грција…“

Српски турист сподели пост од Грција каде дошол пред налетот на вториот бран од корона вирусот, но ужива и понатаму. Соседите се крстеле кога го виделе како ги пакува торбите во автомобилот, но после два месеци поминати таму, тој ја гледа поинаку сликата за ситуацијата и е сосем различна од она што другите си го замислуваат.

– И ти сега во ваква ситуација ќе патуваш во Грција?! – да, комшија… – И уште ги водиш децата со себе?! – И децата…

Се прекрстува соседот и не коментира ништо после тоа. Подоцна се собра цела населба за да ме испрати, сите со маски и социјална дистанца. Им навираат солзи во очите, како да одам во вој на, скраја да е.

Не смеат да ме гушнат, чекаат да ја затворам вратата, па да ми го благословат автомобилот. Зад мене оставам молк и неверување, и целиот Белград во густ облак од прашина и смог.

“На граница те чека пек ол, дезинфекција, мерење на температура, тестови, карантин, изолација…” се присечавам на зборовите од еден мој пријател и признавам, не ми е пријатно.

Првпат одам преку Бугарија, сè е можно… И сè е готово за 15 минути! Едвај да ме прашаа каде одам, формуларот кој го пополнив на влез во Бугарија им го давам на излез, таква е процедурата, а цариникот се смее, вели не треба. На нив им е важно јас да ја платам патарината, е тоа двапати го проверуваа.

Речиси три месеци подоцна ги сумираме резултатите. Еден сосед веќе не е жив. Педесет и неколку години, млад, здрав, негативен… Срцето, велат од стрес. Друг од лесен седатив преминал на многу посилен. Третиот не си ги видел децата два месеци. Оној преку патот не излегол ни трипати од дома за цело ова време… Сега сите на глас ми велат “Остани таму колку можеш подолго! Овде е пек ол!”

А јас, што е со мене? Јас и натаму лежам на обалата долга 2 километри песочна плажа со сино знаменце, на само 10-тина километри од вториот по величина и значение град во Грција и уживам.

Со полни батерии, поцрнет и насмеан. Децата трчкаат, весели и безгрижни, прават голови, се спремаат да играат фудбал на плажа. Ќе ги има барем 15-тина. Сите ОРЛ проблеми со крајниците и слухот се одамна зад нас.

На повеќечасовните чекања по разни чекалници и на оние силни операции се присетуваме со уж ас и како некој грд сон. Лекарите ни велеа дека тоа е неминовно, дек светлите деца се подложни на тоа, подземни води, загаден воздух, голем град… и сето тоа, како со рака однесено.

Читам вести од Србија, сè лошо и полошо. Страшни бројки, ужа сни проценти, обесхрабрувачки прогнози. И во Грција ха-ос, пишува. Затворени градови, се воведува карантин, се протеруваат Србите, се апсат по плажите…

Се вртам околу себе, проверувам да не сум ја промашил земјата. До мене еден дедо, преку осумдесет, насмеан како и секој ден. Често си разговараме, го чека другар му од основно. Ќе се изгушкаат, ќе се поздрават, па ќе седнат во столиците свртени кон морето. Понекогаш ќе одиграат и некоја партија шах, но денес не. Од другата страна се зголемува друштвото, би рекол средношколци.

Се наредиле во круг и слушаат музика. А и ние со нив. До нив младите еден брачен пар со бебе од два месеци. Не им пречи музиката, и тие уживаат. И сите го чекаме истото. Најубавото зајдисонце на светот. Барем за нас.

А вечерва ќе прошетаме. Таверните и кафиќите ќе бидат преполни, шеталиштето исто така. Празна чинија можеби ќе најдеме, но празна маса и празно срце тешко. Сите до еден насмеани и полни со живот. Понекој можеби и ќе го спомне чудниот вирус но не му придава на тоа големо значење.

Се гушкаат и се сакаат, ги пијат пијалакот на животот и уживаат во омилената храна и живата музика. И сето тоа за мноооогу помалку пари отколку кај на с во Белград. Ако некој размислува воопшто за тоа.

И единствена неугодност на која наидов е тоа што сум странец, неевропјанин, граѓанин од втор ред, и што не можам да останам овде колку што сакам, туку наскоро морам да се вратам назад. Меѓу оние страшни бројки и ужасни проценти. И да правам сè што ќе ми се нареди.

Сè до рамната линија или во најдобар случај ситни тикови и силни седативи. На крај, да ви ја шепнам страшната вистина – сите еден ден ќе ум реме… само останува прашањето, дали пред тоа ќе жив.

најчитани вести

Македонија

Медиа.мк дознава дека уапсените се браќа од Кичево кои важеле за страв и трепет во градот. Се работи за Ариф и Шпенд Алили кои...

Македонија

Денес на прес конференција Христијан Мицкоски соопшти дека Воислав Зафировски од политичката партија Интегра преминува во Вмро Дпмне, за почеток како член, но не...

Македонија

Седум непознати портали за пошироката јавност , со скромна посетеност и без соодветен импресум или новинари кои работат во нив, добиле солидна сума од...

Македонија

Бледиот и исплашен израз на Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кажа повеќе отколку прочитаните редови на однапред приготвените потсетници за најава на „катарзата“...