5.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

Автомеханичар зел 1.100 евра за поправка на Опел Корса, ЈА ПРОДАЛ ЗА 1.500 ЕВРА

Донесете ми го автомобилот и ќе го решиме проблемот! Само, ќе ве чини 8.400 куни (околу 1.100 евра)! – ова е приближно како звучел разговорот помеѓу автомеханичарот и оштетената сопственичка.

Во четвртокот, таа пријавила во полицијата во Загреб  дека 39-годишен автомеханичар, го продал нејзиниот автомобил, кој таа го однесла на сервис.

Откако добил пари за набавка на делови и поправка на возилото, наместо да го поправи автомобилот, го продал возилото за 11.000 куни (1.460 евра), пренесува Пословни.хр.

Во исто време, тој го фалсификувал договорот за продажба на возилото, во кој тој се потпишал наместо сопственичката.

Полицијата тврди дека вкупната материјална штета изнесува 25.400 HRK (3.320 ЕУР). По истрагата ќе биде поднесена постапка против осомничениот, кој во моментов не е достапен за полицијата.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести