Connect with us

Hi, what are you looking for?

Балкан

Британски професор објаснува зошто СЕГА Е МОМЕНТОТ ЗА РЕШАВАЊЕ НА КОСОВСКОТО ПРАШАЊЕ

Професорот на Лондонската школа за економија и политички науки, ЛСЕ, Џејмс Кер-Линдзи оценува дека на состанокот на официјалните претставници на Белград и Приштина во Белата куќа во Вашингтон, ќе има голем притисок врз Србија да го потпише конечниот договор.

„Владата на САД сака да види сеопфатен политички договор меѓу Белград и Приштина“, рече Кер-Линдзи за Танјуг, истакнувајќи дека САД се надеваат дека ќе можат да постигнат уште еден дипломатски успех како што е неодамна потпишаниот договор меѓу ОАЕ и Израел.

Тој објаснува дека српските власти сакаат фокусот да биде на економскиот договор, а не на политичкото решение, но дека тоа не е она што Вашингтон го сака, без оглед на фактот дека економскиот договор би бил еден вид успех за Белата куќа.

„Идеално, тоа ќе биде конечното решение за косовскиот проблем, што е проблем што постои предолго“, рече тој.

Кер-Линдзи исто така изјави дека Вашингтон гледа шанса за успех во тоа што верува оти претседателот на Србија, Александар Вучиќ, сега е „посилен од кога било“.

„По неодамнешните избори тој нема конкуренција во парламентот. Вашингтон ќе го има тоа како аргумент, во смисла -„ ако Вучиќ не може да постигне договор сега, тогаш кога ќе може да го стори тоа“, рече тој, додавајќи дека ЕУ исто така мисли исто.

Тој смета дека е интересно што разговорите продолжуваат, затоа што, како што вели, се чинело дека САД по последното одложување на разговорите закажани за 27 јуни во Белата куќа, се откажале од изнаоѓање договор меѓу Белград и Приштина и се чинеше дека ќе се фокусира само на реизборот на Доналд Трамп и неговата кампања.

„Сепак, сега се чини дека Вашингтон се обидува да постигне договор. Делумно затоа што на Трамп стои лошо, затоа сега му треба голем успех во надворешната политика. Друга причина би била договорот меѓу ОАЕ и Израел”, објаснува Кер-Линдзи.

Како што наведува, тоа било „чиста дипломатска победа за САД“ и тие веруваат дека е можно да се продолжи во овој случај врз таа основа.

„Бидејќи Трамп работи лошо, мислам дека неговиот тим сфатил дека му е потребна победа што може да ја постигнат и брзо. Јасно е дека видоа потенцијална победа во случајот со Косово“, заклучува Кер-Линдзи.

најчитани вести

Македонија

Почна седницата на Советот за безбедност на Република Северна Македонија во претседателската „Вила Водно“, на која ќе се расправа за актуелната состојба со пандемијата...

Македонија

Пред малку до медиа.мк стигна информација дека е запалено возило во близина на Олимпико во Скопје. На терен е присутна полицијата која го преусмерува...

Забава

Бил самец кој стареел и не очекувал дека ќе создаде семејство, но никогаш не се покајал ова што го направил. Џорџ Клуни во неодамнешно...

Македонија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се пожали на Фејсбук дека му го откажале интервјуто на Телма, обвинувајќи за цензура како за време на комунистичките...