22.8 C
Skopje
четврток, јули 11, 2024

Париското обвинителство започна истрага за финансирањето на кампањата на Марин Ле Пен на претседателските избори во 2022 година

Париското обвинителство започна истрага за финансирањето на кампањата на Марин Ле Пен на претседателските избори во 2022 година. Оваа истрага, која следува по претходните испитувања, беше започната минатата недела поради сомневања за проневера, фалсификат, измама и спорно прифаќање на заем, соопштија од обвинителството за Политико.

Во својот трет обид да стане претседателка, Ле Пен освои 41% од гласовите во вториот круг во 2022 година, губејќи од сегашниот претседател Емануел Макрон. Истрагата ќе биде префрлена кај судија за понатамошно разгледување. Отворањето на истрагата следуваше по предупредувањето од Националната комисија за испитување на изборни трошоци (CNCCFP) за неправилности во трошењето на кампањата.

Плакати во автобуси и финансиски проблеми

„Многу сме изненадени, бидејќи нашите трошоци за кампањата беа одобрени во декември 2022 година и рефундирани во февруари 2023 година. Не знаеме за што станува збор. Дознаеме дека истрагата е отворена, како и сите други, утрово на телевизија“, изјави анонимен функционер од партијата Национално обединување за AFP.

CNCCFP претходно забележа неправилности во претседателската кампања на Ле Пен во 2022 година, отфрлајќи ги средствата за плакати поставени во автобуси, што беше протолкувано како кршење на правилата за огласување во предизборната кампања.

Според AFP, Ле Пен вложила околу 11,5 милиони евра во нејзината неуспешна претседателска кампања во 2022 година. Ова не е првпат Ле Пен да се соочи со вакви проблеми, бидејќи слични неправилности беа идентификувани и за време на нејзината претседателска кампања во 2017 година.

Судење во септември

Во септември, судењето против Ле Пен и уште 24 лица треба да започне поради наводна злоупотреба на европските фондови. Судењето следува по седумгодишна истрага за обвиненија дека Националното обединување користело јавни средства наменети за парламентарни помошници во Брисел за да плаќа партиски кадри.

Според весникот Либерасион, самата Ле Пен се соочува со обвиненија за проневера на јавни средства и ризикува парична казна и до 10 години затвор. Дополнително, таа би можела да добие забрана за кандидатура на избори во следните пет години, што би значело дека не може да се кандидира на следните претседателски избори во 2027 година.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести