35.8 C
Skopje
среда, јули 10, 2024

Митева: Извештајот на ДКСК за 2023 година укажува на неспособноста на власта на СДС и ДУИ за борба против корупцијата

Како генерален заклучок од она што можев да го видам е несоодветното спроведување на целокупната легислатива. Неспособност на владата да се бори против корупцијата, селективна правда и власт која по целост потфрли во борбата против корупцијата. Фрапантни се деловите од извештајот, истакна пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Марија Митева на денешната собраниска Комисија за политички систем и односи помеѓу заедниците.

Таа укажа дека уште во самото резиме на извештајот веќе на страната 4 е нотирана потврда на се она што го зборувале во минатото, а тоа е во делот на правосудството.

Нотирано е дека оние значајни ризици произлегуваат од внатрешни и надворешни фактори меѓу кои е и низок квалитет на сите тие обвинителни акти, влијание на претседатели на суд преку годишен распоред за работа на судот. Блискост помеѓу судии и адвокати што влијае врз постапките. Недостаток на соработка помеѓу јавни обвинители, истакна Митева.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести