37.8 C
Skopje
среда, јули 10, 2024

Милошоски: Во извештајот на ДКСК за 2023 година разочарувачки е не постапувањето на Републичкиот судски совет, а Чачорова Илиевска треба да си поднесе оставка

На денешната седница на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски истакна дека структурата на извештајот за работата на ДКСК за 2023 година е солидно направен и ги опфаќа сите надлежности на комисијата но апелираше дека не постапувањето на Републичкиот судски совет е тотално разочарување и како колективен орган и како персонални решенија, а споменатата Чачорова Илиевска би требало да си поднесе оставка а тоа да биде еден чекор кон можната и потребна реформа.

Во извештајот, актуелен е овие денови делот каде што антикорупциската комисија се осврнува на политичките критериуми на реформата на јавната администрација, на правосудниот систем и на борбата против корупцијата. Во делот на правосудниот систем пишува дека не е постигнат напредок во правосудството судскиот совет треба да се заложи на заштита на интегритетот и независноста на судиите“ кажа Милошоски и додаде:

По однос на извештајот на ДКСК за 2023 година ценам дека има сериозни заклучоци кои што можат да послужат на многу институции како упатство за постапување, за подобар резултат во борбата против корупцијата, но во однос на не постапувањето на републичкиот судски совет тоа е тотално разочарување и како колективен орган туку и како персонални решенија споменатата Чачорова Илиевска би требало да си поднесе оставка а тоа да биде еден чекор кон можната и потребна реформа која што собранието и сите институции треба да ја направат, бидејќи со ваков состав на републичкиот судски совет не верувам дека може да се постигне со истите луѓе да се постигнат различни резултати“ нагласи Милошоски.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести