28.8 C
Skopje
вторник, јули 9, 2024

Германскиот министер за одбрана го изрази своето незадоволство поради кратењата на средствата за одбраната во буџетот за 2025 година

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус (Социјалдемократската партија на Германија, СПД) го изрази своето незадоволство поради кратењата на средствата за одбраната во буџетот за 2025 година, што беше договорен во петокот по долготрајните расправии во владејачката коалиција.

„Моето министерство доби значително помалку од она што беше побарано. Ова е особено непријатно за мене бидејќи нема да можам да иницирам одредени работи со брзината што ја бара новосоздадената ситуација поврзана со безбедносната закана“, рече Борис Писториус на маргините на вежбите на НАТО во американската сојузна држава Алјаска.

Социјалдемократскиот политичар рече дека во наредните недели и месеци ќе гледа што е можно, а што не, со намалени средства.

Владејачката социјалдемократско-зелено-либерална коалиција во петокот постигна договор за буџетот за 2025 година, по неколкунеделни расправии кои на моменти се закануваа да ја распаднат коалицијата и на Министерството за одбрана наместо 58, му беа доделени 52 милијарди евра. По рускиот напад врз Украина во февруари 2022 година, германскиот канцелар Олаф Шолц најави „пресврт во одбранбената политика на Германија“, зголемување на воениот буџет и формирање на специјален фонд од 100 милијарди евра наменет за модернизација на Бундесверот, планирани надвор од буџетот и од кои одбраната веќе финансира проекти.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести