35.8 C
Skopje
среда, јуни 12, 2024

Airbus прави сателити за компанија од ОАЕ

Јахсат им нуди на медиумите и интернет компаниите и владите широкопојасен интернет пристап, емитување видео содржини и телекомуникациско мрежно поврзување и моментално има пет сателити во орбитата на Земјата кои покриваат повеќе од 80 отсто од светската популација, се вели во соопштението на Ербас.

Филијалата на Ербас за воена опрема и простор ќе дизајнира и гради за геостационарните сателити Јахсат Ал Јах 4 и Ал Јах 5 кои ќе „нудат безбедни државни комуникации на широка географска област на Блискиот Исток, Европа и Азија“, се вели во соопштението на концернот.

Геостационарните сателити ја следат ротацијата на Земјата во орбитата, па се чини дека се неподвижни.

Ал Јах 4 и Ал Јах 5 ќе бидат лансирани во 2027 и 2028 година и ќе заменат два сателити лансирани пред 16 години, се додава.

Планираниот век на употреба на новите сателити е 15 години.

Ербас ќе обезбеди и компоненти за контрола на сателитите на Земјата.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести