35.8 C
Skopje
вторник, јуни 11, 2024

ДЗС: Цените на индустриските производи во април зголемени за 0,7 отсто на месечно ниво

Продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, во април се повисоки на месечно ниво за 0,7 проценти, а се пониски на годишно ниво за еден процент, објави Државниот завод за статистика.

Во април во споредба со март годинава, продажните цени на производителите на индустриски производи,
вкупно, се повисоки за 4,9 проценти во секторот Рударство и вадење на камен, за 1,6 проценти во Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, за 0,5 проценти во Преработувачка индустрија, а непроменети се во секторот Снабдување со вода; отстранување на вода, управување со отпад и дејности за санација на околината.

Во април годинава во споредба со април минатата година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски во секторите Рударство и вадење на камен за 0,3 проценти и во Преработувачка индустрија за 1,3 проценти, a се повисоки во Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 2,6 проценти и во Снабдување со вода; отстранување на вода, управување со отпад и дејности за санација на околината за 1,6 проценти.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести