23.8 C
Skopje
недела, јуни 9, 2024

УХМР: Сончево и топло време, од утре температури до 40 степени

Денеска времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 29 до 36 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 36 степени.

Во наредните денови ќе се задржи сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност, а во попладневните часови ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд и грмежи.

Од почетокот на следната работна седмица ќе има повремено засилен ветер, а дневната температура насекаде ќе биде над 30 степени и во средината на неделата наместа во југоисточните делови ќе достигнува 40 степени

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести