28.8 C
Skopje
понеделник, јуни 3, 2024

Германските угостители и хотелиери очекуваат рекорден број посетители за време на Европското фудбалско првенство

Германските угостители и хотелиери очекуваат рекорден број посетители за време на Европското фудбалско првенство, но истовремено стравуваат од недостиг на кадар, пренесуваат германските медиуми.

– Речиси е невозможно да се најде персонал на пазарот, ќе треба да се снаоѓаме и одреден временски период преку приватни агенции за посредување да привлекуваме кадар од други гранки – вели за Сами Нофал, менаџер на паркхотелот Хајнер во западногермански Гелзенкирхен за јавниот сервис АРД.

Во склоп на хотелот има и голема тераса на која ќе биде организирано јавно гледање на натпреварите од Европското првенство кое ќе се одржи во Германија од 14 јуни до 14 јули.

– Кадарот „позајмен“ за време на првенството не чини значително повеќе, но немаме излез, вели Нофал.

На рестораните низ Германија им е тешко да најдат нов персонал пред ЕП во нивната земја, кој делумно ја напушти индустријата за време на пандемијата на корона вирус.

Синдикатот на работници во хотелиерството и угостителството НГГ смета дека работниците во угостителството и хотелиерството го свртеле грбот и во голема мера не се вратиле по пандемијата поради традиционално ниските саатници.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести